Републиканците го добија Сенатот, Колорадо доби геј гувернер, а Конгресот првата муслиманка

896

Американскиот Претставнички дом ќе добие демократско мнозинство, додека републиканците на американскиот претседател Доналд Трамп ќе ја задржат контролата врз Сенатот, објавуваат американските медиуми. Ваквите резултати беа очекувани со оглед на предизборните анкети и анализи.

Републиканците досега го контролирале Конгресот, додека во Сенатот имале тесно мнозинство (51 сенатор наспроти 49 демократски), а поголемо во Претставничкиот дом (236 претставници наспроти 193, со 6 празни места).

Комплетните состави на Конгресот и Сенатот ќе бидат познати дури откако ќе бидат затворени избирачките места ширум земјата и бидат собрани резултатите.

Американското министерство за внатрешни работи потврди дека имало технички проблеми со уредите за гласање на избирачките места, но нагласиле дека тоа не им пречело на гласачите. Демократите меѓутоа сметаат дека суптилно се обидуваат да го намалат бројот на црнечките гласачи.

Иако името на Доналд Трамп не се наоѓа на гласачкото ливче, многу Американци ова го доживуваат како референдум за претседателот. Во конзервативните држави како Канзас и Јужна Каролина се очекува победа на републиканските кандидати, но популарноста на Трамп опаѓа на национално ниво.

Имено, Американците излегле во голем број на изборите, односно најмалку 38 милиони Американци гласале однапред, лично или по пат на Интернет, што е за 40 % повеќе отколку на изборите во 2014.

Проценките се дека демократите ќе добијат 229 места, а републиканците 206 во Конгресот. Овие избори се сметаат некој вид на референдум за претседателот.

На изборите кои традиционално се одржуваат на средина на мандатот на актуелниот претседател, се избираат 435 членови на Конгресот, 35 од 100 членови на Сенатот и 36 до 50 државни гувернери, како и бројни останати државни функционери.

Рашида Тлаиб и Илхан Омар ќе бидат првите Муслиманки во Конгресот, додека државата Колорадо го доби првиот геј гувернер, Џаред Полис.