Републиканските пратеници најавија тужба против демократската претседателка на долниот дом на американскиот Конгрес, Ненси Пелоси, бидејќи во текот на пандемијата на коронавирусот им дозволила на конгресмени да гласаат намесо оние кои правдајќи се со епидемиолошките мерки лично не биле присутни.
Со поднесувањето на тужбата пред Сојузниот суд во Вашингтон, републиканците се противат и сакаат да го укинат новиот систем на гласање кое го прифати демократското мнозинство во Претставничкиот дом. Демократите со овој потег велат дека наводно сакаат да се овозможи норнално функционирање на Конгресот со истовремено почитување на мерките за социјално дистанцирање. Но републиканците тврдат дека промената на правилата е направена спротивно од уставот на САД.
Новите правила, усвоени претходно во мај во рамките на пакетот мерки во износ од три милијарди долари кои мнозински републиканскиот Сенат сѐ уште не ги разгледа, им дозволува на пратениците да гласат однадвор, така што ќе замолат некој од присутните да гласа за нив. Демократите тоа го образложуваат со тоа што гласањето на 435 пратеници во помали групи би траело со часови.