“Air France” потврдил дека на 8-ми мај 2019-та година, екипажот на JOON на летото AF218 меѓу Париз и Мумбај, одлучил да слета на аеродромот во Исфахан во Иран.
Според соопштението на компанијата авионот бил принуден да слета поради дефект на вентилациониот систем во авионот “Airbus A340”, а се во склад со процедурите на произведувачите и со принципите на претпазливост.
Авионот нормално слетал во Исфахан во 17 часот по париско време. Тимови од компанијата дале се од себе за да им помогнат на патниците на аеродромот во Исфахан да го продолжат својот лет.
Компанијата жали поради непријатноста која ја предизвикала оваа ситуација и потсетува дека безбедноста на патниците и екипажот е апсолутен императив, стои во соопштението на компанијата. На овој лет имал 267 луѓе.
Како што вчера објавиле медиумите, авионот на летот од Париз до Мумбај исчезнал од радарот во близина на иранскиот регион Исфахан. Иако се стравувало дека се случила трагедија, авионот безбедно слетал на аеродромот кај Исфахан. Засега не се знае што претходело на промената на рутата.
“Flightradar24”, кој го надзира авио-сообраќајот, соопштил дека бил изгубен сигналот со леталото.