Ресторанот „Нома“ на Рене Реџепи од Тетово вчера беше избран за најдобар ресторан во светот.
Веста беше објавена преку социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм од официјалната веб-страница на „Нома“. На видеото кое беше објавено се гледа персоналот на ресторанот како ја слави оваа голема победа.
Настанот се одржа во Антверпен, а истиот започна на 3-ти октомври и заврши вчеравечер со големото финале и победата на Реџепи.
Рене Реџепи e еден од најистакнатите готвачи на светот. Роден е во Копенхаген, a потекнува од тетовското село Џепчиште. Голем дел од детството го поминал во Џепчиште, комбинирајќи го со Данска во остатокот од годината. Овие македонски искуства му оставиле силен впечаток и претставуваат значајна инспирација во неговото готвење, пренесува „Независен“.
Во 2011 година е избран за „Најдобар готвач на светот“, а неговиот ресторан „Нома“ неколку години по ред ја добива титулата „Најдобар ресторан во светот“ и Мишелинови ѕвездички. Во 2012 година е прогласен за 11-ти највлијателен човек во светот, а се има појавено и на насловната страница на весникот „Тајмс“.