Во германскиот град Келн забележан е медицински феномен со оглед на тоа дека две девојчиња, еднојајчани близначки дошле на свет во временски интервал од три месеци.
Германскиот Билд ја претстави приказната за девојчињата Лиани и Леони кои ги делат 97 дена од нивното раѓањето иако биле близначки во мајчиниот стомак.
Имено, овие две девојчиња дошле на свет и во различни години, едното во ноември минатата година, а другото во февруари оваа година.

Докторите и експертите тврдат дека раѓањето на двете девојчиња е реткост во светот, но дека медицински е возможно. Така во Ирска во 2012 година дошло до раѓање на близнаци со разлика од 87 дена.