Зависноста од користењето на социјалните мрежи ја имаме речиси сите, од добро утро до моментот на добра ноќ, се забележуваат сите мигови и се пласираат јавно.
Познати или непознати, сите сме зафатени од Инстаграм и Фејсбук манијата, а јавните личност најчесто внимаат што објавуваат и како изгледаат на приложеното пред будното око на јавноста и медиумите.
Особено дамите се нашминкани, со средени фризури, стајлинзи… едноставно не се заобиколува ниеден визуелен детаљ.
Но, има и од оние јавни личности кои се исклучоци и немаат комплекси за да се претстават пред своите следбеници и во природно светло, без шминка, добро избрана облека, аксесоари…
Една од нив е позната фолк пејачка Сања Сани Гроздановска, која не ретко знае да открие како изгледа во домашно или релаксирано кежуал издание.
ФОТО:САНИ ГРОЗДАНОВСКА/ИНСТАГРАМ ПРИНТСКРИН
Овој пат, на своите Инстаграм приказни покажа како изгледа за по дома, без шминка и фризура, веројатно непосредно по будење. Но кога ваквиот изглед се носи со доза позитивна енергија и самодоберба, тоа знае да изгледа убаво и шармантно.
Сани е доказ дека непосредноста е исто толку важна од претставувањето во природно светло пред својата публика.