На денешен ден во 1996-та година, Чикаго гостуваше на Шарлот.
Дуелот во Северна Каролина го одбележа одличниот напад на “Биковите”. Конечни 117:93 за тимот од “ветровитиот град”.
Шест играчи на Чикаго Булс имаа двоцифрен број на поени.
Прв стрелец (очекувано) беше Мајкл Џордан со 27 поени, Скоти Пипен постигна 14 поени а Денис Родман реализира “дабл-дабл” учинок со 12 поени и 11 скокови.
На спротивната страна, за Шарлот Хорнетс, Глен Рајс постигна 26 поени а Лери Џонсон имаше ужасно лоша поентерска вечер во која постигна само 4 поени и беше комплетно неутрализиран од страна на одбраната на гостинскиот тим.
Со четвртата победа по ред, “Булси” стигнаа до 27-иот триумф во легендарната сезона ’95-’96-та, во која ја освоија четвртата тимска титула.
Ова првенство, Чикаго успеа да победи во 72 натпревари кој долго време претставуваше NBA рекорд.
Уживајте во најубавите моменти од мечот.
NBA FAN
Димитар Младеновски