На денешен ден, Чикаго Булс го пречека Феникс Санс.
“Јунајтед центар”-от беше стандардно исполнет до последното место. Резултатот во ниеден момент не беше доведен во прашање. Чикаго водеше во текот на целиот меч и на крајот победи со 111:104.
Мајкл Џордан беше водечки стрелец со 31 поен а беше следен од својот тимски другар Скоти Пипен кој постигна 23. Џејсон Кафи придонесе со 18 поени од клупата за резервни играчи. Денис Родман беше “машина” под кошевите и зграби 21 скок. На спротивната страна, Антонио МекДајс постигна 23 поени а Седрик Себалос 22 поени, што се покажа недоволно за подвиг на “сонцата”.
Ова претставуваше втора победа по ред за “биковите”, а успеаа да триумфираат и во наредните шест натпревари.
Чикаго, во оваа натпреварувачка сезона повторно беше прво пласиран тим на Истокот. Во големото финале втора година по ред, се судри со Јута Џез и ја освои шестата круна во тимската историја.
NBA FAN
Димитар Младеновски