РЕТРО NBA-Доминација на “биковите” во соседското дерби (ВИДЕО)

658

На денешен ден, Чикаго Булс го пречека Милвоки Бакс.

Во дуелот на соседите, “Биковите” целосно ја покажаа својата доминација. Во преполниот “Јунајтед центар”, шампионот го презентира својот атомски напад и гранитната одбрана која им ги донесе толку посакуваните трофеи во низа.

Оваа вечер, “Бакси” неамаа решение за домаќините. Чикаго поведе со +13 во првата четвртина и го диктираше темпото до самиот крај на мечот. Стартерите добија заслужен одмор а сите играчи дадоа полн придонес. ”Булси” победија со убедливи 84:62.

Прв стрелец беше Тони Кукоч со 19 поени, следен од Лук Лонгли со 16 поени и Мајкл Џордан со 13 поени (невообичаено ниска “стрелба” но во лимитирана минутажа). Скоти Пипен, не беше активен поради повредата на стапалото.
На спротивната страна, ветеранот Армен Гилиам беше најефикасен со 18 поени.

Чикаго, на крајот од ова првенство, повторно успеа да стигне до првата позиција во Источната конференција. Во големото финале (втора година по ред) се соочија со Јута Џез, и ја освоија шестата титула во тимската историја.

NBA FAN
Димитар Младеновски