Ретро NBA-Фантастичната поентерска претстава на Коби Брајант (ВИДЕО)

833

На денешен ден во 2007 година започна една импресивна серија.

На 16-ти Март 2007, Лос Анџелес Лејкерс го пречека Портланд Треил Блејзерс. Коби Брајант имаше фантастична претстава. Постигна неверојатни 65 поени и на свои плеќи го носеше тимот. Во крајно неизвесен меч, “Лејкерси” победија со 116:111 по продолжението од 5 минути.

Ова претставуваше прв во низата од четири натпревари на кој легендарната “Мамба” постигнуваше преку 50 поени. Веќе следното првенство “езерџиите” дојдоа до големото финале а година потоа ја освоија шампионската титула.

Месец Март секогаш ќе не потсетува на Коби и неговата поентерска серија. Почивај во мир голем човеку.

NBA FAN
Димитар Младеновски