На денешен ден, бевме сведоци на еден интересен дуел.
Вашингтон Визардс предводен од Мајкл Џордан (во својата последна сезона) го пречека младиот и талентиран тим на Мемфис Гризлис.
На своја 40 годишна возраст, Мајкл (уште еднаш) докажа дека годините за него се само бројка.
Само 24 часа откако на гостувањето во Атланта постигна 30 поени, “летачкиот” пружи уште едно одлично поентерско издание. На овој натпревар постигна 33 поени, со леснотија како во најдобрите денови. На младите противници од Мемфис им пружи едно ново и незаборавно искуство, кое долго го паметат и раскажуваат. “Волшебниците” победија со 118:100.
Прв стрелец за тимот од главниот град (очекувано) беше Мајкл Џордан а по него следуваше Џери Стакхаус со 25 поени. Лери Хјус и Квами Браун придонесоа со по 14 поени.
На спротивната страна, По Гасол постигна 25 поени а Дру Гуден 19 поени.
Интересен податок е што во својата последна професионална сезона, најголемиот на сите времиња ги одигра сите 82 натпревари од регуларниот дел. За време на двете сезони во кој Џордан настапуваше во дресот на Вашингтон, “визардси” не успеаа да се пласираат во “плеј-офот”.
Уживајте во овој интересен натпревар.
NBA FAN
Димитар Младеновски