На денешен ден се случи првиот судир помеѓу братучедите, Винс Картер и Трејси МекГрејди.
На 23.01.2001 година, Орландо Меџик го пречека Торонто Репторс.
Ова беше прво соочување на поранешните соиграчи кој важеа за најперспективен тандем додека играа заедно. Само 7 месеци пред овој дуел, МекГрејди реши да го напушти Торонто и како слободен играч да премине во Орландо откако не го доби посакуваниот нов договор кој го очекуваше од тимот од Канада.
На овој натпревар регуларните 48 минути не беа доволни да се реши победникот. Винс Картер го прати мечот во продолжение со шут за израмнување на резултатот. Ниту продолжението не беше доволно за триумф на еден од двата тима па, по дополнителни 10 минути игра, домаќините од Флордиа триумфираа со 116:110.
Мајк Милер беше прв стрелец кај победникот со 24 поени, веднаш зад него беше “Ти-Мек” со 22 поени. Најдобар играч на натпреварот беше Винс Картер со 33 поени и 7 асистенции а ветеранот Чарлс Оукли постигна 23 поени и 13 скокови. Подолгата клупа на “магичните” оваа вечер како и среќата во последните секунди беше клучна за 19-тата победа во тековното првенство.
Братучедите (според повеќето кошаркарски стручњаци и аналитичари) претставуваа двајца најпотентни поентери во тоа време и вбројувани помеѓу најдобрите 10 играчи во лигата.
Уживајте во најубавите моменти од првиот стрелец на натпреварот како и еден од најатрактивните кошаркари на сите времиња.
NBA FAN
Димитар Младеновски