Ретро NBA-Рекордната рафална стрелба на Ти-Мек (ВИДЕО)

1099

Денес се потсетуваме на една магична поентерска претстава.

На денешен ден, во 2004 година Орландо го пречека Вашингтон. На овој натпревар Трејси МекГрејди постигна неверојатни 62 поени носејќи му победа на својот тим.
Во сезона која беше страшно разочарувачка за екипата од Флорида, рекордот во кариерата на “Ти-Мек” беше најсветлата точка.
Со ова достигнување МекГрејди стана само шестиот играч во историјата на NBA кој успеал да постигне над 60 поени, 10 скокови и 5 асистенции на еден меч.

Ова првенство, МекГрејди постигнуваше просечни 28 поени по натпревар и втор пат по ред беше најдобар стрелец во NBA. Веќе следната година беше испратен во Хјустон.
Уживајте во најубавите моменти од тимскиот поентерски рекор да Орландо Меџик.

NBA FAN
Димитар Младеновски