Во текот на годините сме биле сведоци на фантастични забивања и акробатски потези речиси секоја вечер. Убавината која ја носи оваа игра во секој поглед е единствена, а за многумина и најатрактивниот потег на еден меч е забивањето преку човек. Посебно е возбудлив моментот кога еден понизок кошаркар ќе забие преку далеку повисок од него.
На денешен датум (во 2006 година) Њу Орлеанс гостуваше во Орландо. Крис Пол беше лидер на “хорнетси” и во обид да го зацементира своето место како најдобар организатор на играта во NBA.
Малкумина се сеќаваат на нешто нетипично за него. Крис Пол е пред се тимски играч и зад него има неспорно успешна кариера. Kласичен плеј со одлична визија и идеја во играта но, ретко кога бил атрактивен. На 20.12.2006 година, тој покажа ретко виден потег од него. “Го стави на постер” огромниот Двајт Хауард кој беше најдобриот одбранбен играч на Светот во тоа време. Eдно од најдобрите забивања преку човек (од низок играч) на сите времиња. За жал и едно од најбрзо заборавените.
NBA FAN
Димитар Младеновски