РЕТРО NBA-“Волците” заробени во Чикаго (ВИДЕО)

608

На денешен ден Чикаго ја пречека Минесота.

Шампионот на претходните два натпревари беше непријатно изненаден од Мајами и од Торонто, и беше решен да се врати на победничките патеки. По неочекуваните два пораза по ред, на овој натпревар “биковите” од самиот старт испратија силна порака на гостите од Минеаполис.

Резултатот во ниеден момен не беше доведен во прашање. Чикаго победи убедливо со 103:86. Мајкл Џордан и Скоти Пипен беа водечки стрелци со 27 и 26 поени во лимитирана минутажа. Тони Кукоч придонесе со 13 поени од клупата за резервни играчи. На спротивната страна, водечки стрелци беа Даг Вест и Том Гуљота (кој токму оваа сезона го заслужи својот прв и единствен “All-Star” настап).

Еден месец подоцна, двата тима повторно ги одмерија силите во Минеаполис на натпревар на кој младите “волци” го возвратија ударот и извојуваа победа во реваншот. Тој натпревар најмногу остана во сеќавање на кошаркарските навивачи по непромислениот потег на Денис Родман, кој по еден пад на аут линијата имаше физички контакт со камерманот кој се наоѓаше под рекетот.

По овој натпревар “Булси” влегоа во серија од 8 победи по ред. Чикаго, во оваа натпреварувачка сезона успеа да победи во 69 натпревари. Во големото финале се судри со Јута и ја освои петата круна во тимската историја.

NBA FAN
Димитар Младеновски