Во потрага по брзи успеси, англиските клубови последната деценија упорно вложуваа во странски фудбалери, па екипите им личеа на легии на странци.
Се чини дека на таа практика полека и доаѓа крајот и премиерлигашите почнуваат да се вртат кон домашните фудбалери што им носи успеси на репрезентативен план. И понатаму во оваа лига стигнуваат квалитетни странци од најразвиените фудбалски држави, но зголемен е трендот на настапи на домашните.