РФМ со честитка за Вардар: Нека вашиот успех биде ѕвезда водилка во нашата историја!

818

Цела нација е горда на успехот на ракометарите на Вардар, кои спротивник од сите очекувања, станаа европски прваци на десеттиот „фајнал-фор“ на Лигата на шампионите во Келн. Ова е уште еден чекор напред за македонскиот клупски ракомет и рејтингот ќе порасне во пресрет на новата сезона.

Ракометната федерација упати честитка до РК Вардар и порача овој успех да биде ѕвезда водилка во спортската историја.

„Секоја чест за одржаната лекција по ракомет на деветкратниот европски шампион на Шпанија и четирикратниот претендент за титулата од Унгарија. Огромно БРАВО за борбеноста, истрајноста, силниот тимски дух, единството во составот и карактерот. Нека двапати издвојуваниот најпосакуван ракометен трофеј на стариот контитент освоен под македонско знаме силно свети како ѕвезда водилка во македонската спортска историја. Ви посакуваме вашата спортска приказна да продолжи со уште многу високи достигнувања“, стои во честитката.

Ова е трета титула за македонскиот клупски ракомет во Лигата на шампионите, по онаа на Вардар во 2017 година и единствената на Кометал Ѓорче Петров во женската Лига на шампионите. Покрај европските круни, финале на Лигата на шампионите двапати играше ЖРК Вардар во Лигата на шампионите и еднаш РК Пелистер во Челинџ Купот.