Светските претставници на брзината, Порше, БМВ и Римак, одржаа забавна трка и покажаа кој од нив е убедливо прв.
Не дека се од иста класа, но ова се вистински претставници на брзината, секој во својот сегмент. „Римак Нивера“ е електричен хиперавтомобил, „Порше Тајкан“ е електричен спортски модел, додека „BMW M5 Competition“ е традиционален спортски автомобил.
Веројатно на сите веќе им е јасно дека Римак Нивера ќе ги победи сите на трката на 400 метри, но тоа не го спречи познатиот Јутјуб канал „Carwow“ да си поигра со прашањето дали „обичните“ спортски автомобили имаат некаква шанса против Нивера.
Тимот на Carwow ги собра и приреди забавна, иако трката беше нерамноправна – погледнете како изгледаше.
Како што пренесува zimo.dnevnik.hr, на патеката се собраа Порше Тајкан Tурбо Ес и Бе-Ем-Ве M5. Иако двата автомобили заедно сепак имаат пониски перформанси од Нивера (Нивера има 1.914 коњски сили, а Taјкан Tурбо Ес и Ем-5 заедно имаат 1.800 коњски сили), во приложеното видео можете да видите како помина оваа трка.