Рио Фердинанд побудале по третиот гол на Тотенхем (ВИДЕО)

814

Англиски репрезентативец и поранешен фудбалер на Манчестер Јунајтед, Рио Фердинанд, е стручен аналитичар на Лигата на шампионите на „БТ спорт“ и имаше свое шоу при победничкиот гол на Тотенхем (2-3) во Амстердам за пласман во големото финале. Тој буквално збудале во студиото по третиот гол на Лукаш Моура.

„Ако го сакате фудбалот, тогаш сигурно ќе ја разберете оваа емоција“, објасни Рио Фердинанд.