Роден во Австралија, а убил 40 луѓе на Нов Зеланд: На оружјето имал натписи на германски, бугарски, руски и српски, а носел и нацистички симболи!

1002

Австралискиот терорист Брентон Тарант тргнал во крвав поход на Нов Зеланд со оружје на кое имало натписи на германски, бугарски, руски и српски јазик.

Исто така, носел нацистички симбол “црно сонце”.

Црно сонце е симбол со култно значење. Основата на симболот е “сончев круг” кој е отсликан на подот во дворецот во Северна Рајна-Вестфалија, кој во втората Светска војна бил едно од најзначајните места за Хајнрих Химлер.

На оружјето пишува “Марко Милјанов Поповиќ – 1833-1901” – црногорски народен книжевник, војсководец и војвода од племето Кучи.

Стефан Лазар – српски кнез Лазар Хребељановиќ (1329-1389), кој загинал во борба со Турците на Косовско Поле. Го користел кралското име Стефан Лазар.

Се споменува и битката на Иванковац која се одиграла во 1805-та година. На еден шаржер се гледа и името Баја Пивљанин, ајдучки арамбаша.

Се наведува и 1683-та година, која се однесува на опсадата на Виена, кога војската на Османското царство ја окупирала Виена. Во таа битка било прекинато напредувањето на Турците во Европа.

На оружјето се наведени многу битки и личности кои во текот на историјата се бореле против продорот на исламот во Европа.

Како што се наведува, Тарант навел дека еден од примерите му бил Андерс Брејвик, кој во 2011-та година убил 77 луѓе.