Родман објасни зошто се уште му нема рамен на Мајкл Џордан во НБА лигата

788

Според Денис Родман, доколку Мајкл Џордан настапува денеска повторно во НБА лигата, со оваа генерација на играчи, ќе уфрла по 50 поени на секој натпревар.

Легендата на Чикаго Булс, кој заедно со Џордан одбележаа една фантастична ера, а се уште има високо мислење за Ем Џи, како што популарнио го нарекуваат Мајкл Џордан.

Навистина незнам зошто уште се дебатира околу тоа кој е најголем кошаркар на сите времиња. Доколку Мајкл играше денес во НБА, на секој натпревар ќе уфрла по 50 поени на натпреварите. Леброн и Коби не се далеку зад, но Мајкл е најдобар кој се појавил во овој спорт“, констатира Денис Родман.

Родман со Џордан заедно со „биковите“ од Чикаго, освоија три шампионски титули, а Родман остана уште запамтен како епски лик на онаа фотографија како лета преку теренот за да спаси топка.