Романија објави правилник за патување во Букурешт од 1 јуни

660

Романската фудбалска федерација објави правила за навивачите кои планираат да присуствуваат на натпреварите во Букурешт.

Македонија ќе одигра два меча во романската престолнина во групната фаза од Европското првенство. Тоа е доволна причина оваа информација да е од исклучителна важност за сите македонски навивачи кои планираат да бидат дел од натпреварите.

Надлежните органи во Романија имаат одредено три зони на држави – зелена, жолта и црвена зона. Во првата се земји од каде нема голема опасност, а последната е спротивна, односно во очите на органите се работи за држави од висок ризик.

Последниот извештај вели дека Македонија е дел од ЗЕЛЕНАТА ЗОНА. Тоа значи дека за македонските фанови ќе важат следните правила:

Нема ограничувања за престој во карантин.

* – лицата кои нема да ја напуштаат територијата на Романија во рок од три дена (72 часа), на четвртиот ден ќе бидат ставени во карантин од 14 дена на адресата пријавена за престој при влезот во земјата.

Првиот меч нашата репрезентација го игра на 13 јуни против Австрија. Четири дена подоцна, избраниците на Игор Ангеловски ќе се соочат со Украина. За крај на групната фаза ќе се надигруваат со Холандија, но во Амстердам, на „Јохан Кројф Арена“.