Роналдо доби предупредување: Серија А, не е како Примера..

1031

Кристијано Роналдо и по неколку официјални настапи за Јувентус, се уште го нема постигнато неговиот првенец, и тоа донекаде е изненадување за неговите навивачи.

Тој сега доби предупредување дека Серија А нема да биде она што за него беше Примера до пред неколку месеци и дека ќе мора да работи на сосема друго ниво за да донесе успех како за тимот така и за него лично.

Чиро Ферара, легендата на Јувентус му порача на Роналдо дека Серија А е сосема друга лига, дека не е како Примера.

Мислам дека тој нема да постигне повеќе од 25 голови сезоната, Серија А е нешто сосема различно од Примера. Тој беше навикнат во Шпанија да постигнува повеќе од 30 голови секоја сезона, но овде работите се поразлични, бидејки овде има подобри дефанзивци, но и дека се игра друг стил на фудбал. Повеќе се игра тактички, но Роналдо ќе го пронајде својот правец во текот на сезоната, нема зошто уште да го критикуваме“, нагласи Ферара.

Јувентус вчера гостуваше кај Парма, победи со 2:1, но Роналдо повторно не успеа да ја затресе мрежата на противникот.