Роналдо и „новиот Роналдо“ од идната сезона заедно во Јуве!

977

Големата ѕвезда на Јувентус, Кристијано Роналдо го одобрил трансферот на помладиот сонародник Жоао Феликс кој игра одлична сезона во Бенфика.

Иако само 19-годишен, Феликс забележа 39 настапи за својот тим оваа натпреварувачка кампања во која има 18 гола и 9 асистенции. За него се интересираат Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед, но многу веројатно кариерата ќе ја продолжи во тимот на Јувентус.

Бенфика за него бара 70 милиони евра иако се верува дека ќе го пушти својот фудбалер и за десетина милиони помалку.