Голема победа на Милан од 3:1 на гостувањето против Верона.
Почетокот на натпреварот не беше според очекувањата на фаворитот. Домаќините поведоа со 1:0 со голот на Фараони во 38-та минута но, набрзо гостите се вратија во игра. Младиот Сандро Тонали израмни пред крајот на полувремето а во вториот дел повторно стрелаше за водство на миланезите. Точка на мечот стави Алесандро Флоренци во 87-та минута за конечни 3:1 за “црвено-црните”.
На два натпревара пред крајот на првенството “росонерите” со четвртиот последователен триумф се поблиску до долго посакуваната титула. Последен пат миланезите се најдоа на тронот во 2011 година кога го освоија скудетото. По 36-то коло во Сериа А, Милан е првопласиран со 80 бодови пред градскиот ривал Интер кој има 78 бодови.
Димитар Младеновски