Рубен Семедо излезе од затвор и потпиша за Олимпијакос

978

Вилјареал го продаде португалскиот дефанзивец Рубен Семедо на Олимпијакос за 4.5 милиони евра, откако на грчкиот клуб не му пречеше криминалното минато на Семедо, кој помина пет месеци во затвор во Шпанија поради повеќе кривични дела.

24-годишниот Португалец беше уапсен откако заедно со уште двајца негови другари врзале и нападнале човек во неговиот дом, по што ја ограбиле куќата. За Семедо, Вилјареал плати 14 милиони евра на Спортинг Лисабон пред две години, а интересно, португалскиот клуб ќе добие 20 отсто од овој трансфер, така што „ќарот“ на „жолтата подморница“ е никаков.

Семедо потпишал четиригодишен договор со Олимпијакос до јуни 2023 година.