Со обработени 99,82 отсто од изборните протоколи за вториот круг од претседателските избори во Бугарија , податоците на Централната изборна комисија утринава ја потврдија победата на Румен Радев и Илијана Јотова.
За нив гласале 1.537.347 избирачи или 66,70 отсто од оние кои го искористиле своето право на глас. За нивните конкуренти, проф. Анастас Герџиков и Невена Митева, се изјаснија 733.307 избирачи или 31,82 отсто од гласовите.
За опцијата „Не поддржувам никого“ се изјансиле 34.092 гласачи, што е 1,48 отсто од вкупниот број гласачи на вчерашните избори.
Со обработени 96,80 отсто од протоколите од избирачките места во странство, актуелниот претседател на Бугарија Румен Радев доби 66,66 отсто или 84.653 гласови, а Анастас Герџиков 40.132 лица или 31,60 отсто.