Русија објави видео од протерувањето на британскиот разурнувач

864

Русија објави снимка во која руски воени авиони и бродови го протеруваат британскиот разурнувач HMS Defender од Црно Море.

Патролниот брод на руската војска со предупредувачки куршуми испратил порака кон британскиот разурнувач, а Британците тврдат дека тоа не се случило.

Информацијата за инцидентот прво ја објавија Русите. Според извештаите на руското Министерство за одбрана, рускиот воен брод испукал предупредувачки куршуми кон разурнувачот на британската кралска морнарица откако влегол во руските води во Црно Море.

Рускиот патролен брод испукал два куршуми кон разурнувачот, а борбениот авион Su-24m исфрлил четири високо експлозивни бомби во морето пред разурнувачот, објави руското Министерство.

Британците велат дека Русите најверојатно спроведувале вежба во Црното Море па ги предупредиле за активностите.

„Ниту еден куршум не беше насочен кон HMS Defender и не го признаваме тврдењето дека бомбите се фрлени на неговата рута на движење“, објави британското Министерство за одбрана.