Русија планира да регистира и лек против короната, кој покажал висока ефикасност на тестирањата

1077

Руската Федерална медицинско-биолошка агенција (ФМБА) се надева дека ќе регистрира лек против коронавирусот, со име Мир-19 во текот на 2021 година, изјави денес директорот на ФМБА, Раким Хаитов.

Ефикасноста на лекот ќе ја видиме во втората фаза, вели тој и додава:

Тешко е во овој момент да се каже кога сè ќе заврши. Ќе сториме се што е во наша моќ да ја завршиме втората фаза што е можно побрзо.

Според неговите зборови постојат сите услови за такво нешто. Во претклинички тестови, лекот покажа висока ефикасност.

Лекот ќе го регистрираме подоцна, и сакаме да веруваме дека тоа ќе се случи оваа година, што е можно поскоро, рече Хаитов во интервјуто за Раша Тудеј, како што пренесе ТАС С.