Германските власти соопштија дека во Берлин бил уапсен 31-годишен руски државјанин за кој се сомнева дека се подготвувал за изведување на голем терористички напад во германската престолнина.
Станува збор за радикалниот исламист Магомед Али С. за кој што се тврди дека планирал да активира бомба во германскиот главен град Берлин. Од германското обвинителство потврдија дека бил извршен претрес на станот на осомничениот, каде што специјалците пронашле 3 килограми експлозив и неколку парчиња оружје.
Како што пренесуваат германските медиуми, рускиот државјанин уште во октомври 2016-та година складирал значајна количина на експлозив „ТАТП“ со цел да изведе терористички напад во Германија.
Засега не е познато која локација била на мета на осомничениот, а апсењето е поврзано со случајот од минатата година кога во француски Марсеј беше уапсен 22-годишен исламист кој што планираше напад во пресрет на претседателските избори во Франција.
Имено, од германското обвинителство откриваат дека неговите планови за терористички напад и неговиот наводен соучесник се осуетени со „превентивна полициска мерка“, по што тие одлучиле да се разделат.
Соучесникот Клемент Б. тогаш заминал за Франција каде што беше уапсен во 2017-та година во Марсеј.
Погледнете ги сите вести од Свет