Русинот Пјотр Листерман, сопствеик на ВИП агенцијата за спојување парови во неодамнешно интервју зборувал за периодот кога Кристијано Роналдо бил во врска со Русинката Ирина Шајк.
Пјотр, за руските медиуми зборувал за љубовниот живот на Португалецот Кристијано Роналдо и истакнал дека претходно бил во врска со Ирина Шајк само за да ја сокрие својата мрачна страна.
Денеска, Роналдо е во врска со Џорџина Родригез, но Русинот тврди дека Португалецот е некој кој што сака мажи и веројатно е свесен колку се тешки обвиненијата кои што ги изнел за фудбалерот.
„Јас ги запознав Роналдо и Ирина. Му требаше покритие, затоа што сака млади мажи. Нивниот однос беше взаемно корисен. На Ирина ѝ требаше популарност, а тоа го доби од него, додека Роналдо не сакаше да ги разочара своите фанови, па одлучи да си најде жена“ – изјавил Листерман за порталот „Gordonua“.
„Меѓу Роналдо и Ирина немаше односи. Па дури и да имало, тоа било случајно. Во основа, тие двајца играа улоги. Од друга страна, јас добив 100.000 долари како надомест поради тоа што ги поврзав“ – открил тој.
Инаку, руските медиуми Листерман го нарекуваат „макро“, а од 2000-та година тој поседува агенција за спојување парови и тврди дека работи со најголемите бизнисмени, но и со разни познати личности.