Русите демонстрираат сила и на Арктикот: Лансирана е уште една суперсонична ракета

788

Руската воена морнарица ја тестираше суперсоничната крстосувачка ракета „Оникс“, а беше лансирана од одбранбениот ракетен систем „Бастион“ распореден на Арктикот.

„К-300П Бастион-П“, мобилниот одбранбен ракетен систем за прв пат беше прикажан во текот на воените вежби на руската северна флота на Арктикот.

Ракетите се дизајнирани за напад на бродови, но исто така може да се употребат и за напад на копнени мети. Еден „Бастион“ ракетен комплекс може да понесе 36 ракети од типот „Оникс“ и може да покрие, односно да брани област во радиус од 600 километри. Лансираните ракети можат да достигнат брзина до 3100 километри на час.

Како што пренесуваат руските медиуми, ракетата наводно погодила мета оддалечена на 60 километри од копното. Била погодена група на бродови која што претставувала имагинарен непријател.