Турската армија загуби најмалку две беспилотни летала во Сирија откако руската армија ги активирала своите „електронски воени системи“.
Локалните медиуми пренесуваат дека руската армија користи електронски системи за да ги ремети турските беспилотни летала кои ги бомбардираат позициите на сириската армија.
„Во последните три дена, Турција загуби најмалку две беспилотни летала во сирискиот воздушен простор. Турција се обиде со овие беспилотни летала да ги нападне позициите на сириската армија“, пренесуваат тамошните медиуми.
„Турските беспилотни летала по навлегувањето во воздушниот простор на Сирија се најдоа на удар на силно електронско влијание од југозападниот дел. Турција поради тоа ја загуби контролата над дроновите. Еден се сруши во турската провинција Хатаи, а друг во близина на градот Саракиб“, стои во извештајот на сириските медиуми.
Иако факт е дека Русија прави прави премалку во одбраната на сирискта армија од нападите на турскиот агресор, сепак според Сиријците, турската армија поради ова била приморана да ја сведе употребата на дроновите во последните неколку дена на минимум.