Руската војска на големо работи на подобрување на инфраструктурите на Арктикот, така што се основаат нови бази и се уредуваат старите.
Министерството за надворешни работи објавило снимка од дрон од технолошки многу напредната база во Јакутија.
Базата наречена “Северна детелина” е оперативна од 2015-та година и таму престојуваат околу 250 војници. Се наоѓа на островот Котелни, веројатно на најмалку гостопримливото подрачје на планетата, а поблиску е до Алјаска отколку до Москва.

Изградена е во облик на три листа, а благодарение на напредната технологија, овозможен е лесен престој во базата без влијание на животната средина, а има и резерви за една година, во случај на најлошо сценарио.
Овој “тролист” е еден од трите нови руски бази над 75-тата паралела и е дел од рускиот проект со кој тие сакаат да ја потврдат својата воена сила ширум арктичкиот брег.

Руската војска наведува дека во последните шест години изградила 475 воени локации кои се протегаат од западната граница на Русија па се до Беринговиот мореуз на исток.
Базата има станбени и деловни блокови кои меѓусебно се поврзани, а 20-тина метри од центарот на базата има и мала православна капела.
Базата е опремена со одбранбени ракетни системи и систем со среден дострел “Панцир”, кој е прилагоден на ледени услови и до минус 50 степени.