Русите им ја покажале на Американците силата на својата најдобра ракета: Таа е најбрза на светот и нема систем кој може да ја сопре

816

Руската војска на американските експерти им го демонстрирала ракетниот систем “Авангард” со хиперсоничен крстаречки блок, било соопштено од Министерството за одбрана на Русија.

“Во рамките на реализацијата на Договорот меѓу Русија и САД за мерките за понатамошно намалување и ограничување на стретешкото офанзивно оружје, во периодот од 24-ти до 26-ти ноември 2019-та година, пред американски тим од инспектори на територија на Русија бил демонстриран рекетниот систем “Авангард” со хиперсоничен крстеречки воен блок”, се наведува во соопштението на руската војска.

Овој систем, кој може да носи нуклеарни боеви глави, ќе биде внесен во руското вооружување во декември.

“Авангард” има интерконтинентален дострел и може да лета во густи слоеви на атмосферата, на граница со стратосферата, а во состојба е да развие брзина од 27 маха. Во овој момент е најбрз објект на светот. При таква брзина практично ниеден противракетен систем нема да биде во можност да го сопре.

Западните медиуми коментираат дека хиперсоничниот “Авангард” ќе му овозможи на Кремљ да ги мине САД и Кина во таа област.