Мировните разговори почнаа во понеделникот и тогаш беше кажано дека истите ќе продолжат во наредните денови.
Втората рунда преговори меѓу Русија и Украина треба да почне во 13 часот по наше време, а руската страна откри кои прашања ќе бидат на дневен ред.
Владимир Медински, советник на рускиот претседател Владимир Путин, изјавил дека блокот руски предлози во преговорите со Украина се состои од три дела:
– воено-технички
– хуманитарно-меѓународни и
– политички

Медински изјавил дека се очекува преговорите од двете страни да започнат во околу 15 часот по локално време.
„Се чека украинската делегација“, изјавил Медински.
Втората рунда преговори наводно ќе биде одржана во Брестската област во Белорусија.
Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, истакнал дека ќе дојде до преговори на Русија и Украина и дека тие ќе бидат одржани денес. Сепак, како што навел „Киев нема да учествува независно во преговорите“.
„Повторно украинската делегација пронајде изговор да ги одложи преговорите. Веројатно чекаат инструкции од Вашингтон, нема сомнеж во тоа. Оваа земја воопшто не е независна“, изјавил Лавров.