Русите упаднале на НАТО воените вежби: Американци правеле селфи на разурнувач, па во позадина „налетал“ рускиот бомбардер

867

Русија го одби повикот на НАТО Алијансата да ги надгледува најголемите воени вежби на НАТО од крајот на Студената војна, но истовреме најави свои воени вежби во истиот период.

За време на воените вежби на НАТО Алијансата, рускиот бомбардер „Ту-142“ влетал во воздушниот простор каде што се одвивале вежбите на најмоќниот воен сојуз на светот и прелетал над американскиот воен разурнувач „Монт Витни“ од Шестата флота при воената морнарица на САД.

Маринците се собрале на палубата на бродот за да направат фотографија, меѓутоа во тие моменти на небото над Норвешкото море го здогледале рускиот бомбардер. Фотографиите на рускиот бомбардер ги преплавија социјалните мрежи и предизвикаа бура на негативни реакции, а од Москва соопштија дека станува збор за рутински тест.

Поточно, од руското Министерство за одбрана соопштија дека два авиони од типот „Ту-142“ го извеле претходно планираниот лет во меѓународниот воздушен простор над Норвешкото море. Авионите успешно поминале 12 часа во воздух, по што се вратиле во руската воена база.

Летовите биле изведени во рамките на руските воени вежби во кои што руската морнарица ќе ги тестира своите проектили западно од норвешките островски градови Кристијансунд, Молде и Олесунд.

Западните медиуми тврдат дека со ваквата постапка, рускиот авион „ризикувал предизвикување на општа војна со сите 29 членки на НАТО, а можеби и избивање на Трета светска војна“.

Инаку, на воените вежби на НАТО Алијансата кои што се одржуваат во Норвешка, учествуваат околу 50 илјади војници, 10 илјади борбени возила, 65 воени бродови и 250 летала.