Руска ракета го погодила најмодерниот американски авион? Сиријците тврдат дека погодиле „Ф-35“ со ракета од минатиот век

871

Авион на израелското воздухопловство од американско производство „Ф-35“ бил погоден од страна на сириските против-воздушни сили и тоа со рускиот ПВО систем „С-200“.

Овој инцидент се случил кога израелската армија во 2017-та година со своите најмодерни „стелт“ авиони од петта генерација извеле напади на против-авионска батерија на сириската армија, која претходно ги нападнала израелските авиони.

Сириската армија ги потврди израелските напади и порачаа дека им нанеле материјална штета, а тогаш од сириското Министерство за одбрана порачаа дека израелските авиони го нарушиле воздушниот простор на Сирија на границата со Либан.

Меѓутоа, Сиријците тврдат дека нивната против-воздушна одбрана погодила едно од леталата на израелската армија и „го присилиле да се повлече“, додека пак Израелците тврдеа дека авионот не бил погоден. Според неофицијалните информации, сириската армија тогаш го користела застарениот руски против-воздушен систем „С-200“.

Сето ова се поклопува со известувањата на израелските медиуми, кои неколку часа после инцидентот со Сирија објавија дека скапиот „Ф-35“ авион станал неупотреблив поради наводен судар со птици во текот на тренажен лет. Меѓутоа, израелските медиуми не беа во можност да покажат барем фотографија или други докази од инцидентот за кој тврдеа дека се случил.

Во тој момент не било јасно дали „Ф-35“ ќе може да стане повторно оперативен затоа што слојот на авионот кој се грижи за тоа леталото да биде „невидливо“ за непријателските радари бил оштетен.

Според израелска верзија, авионот наводно не функционирал после судирот со птици, иако од американскиот производител извеле низа на тестирања и авионот добил сертификат со одлични резултати.

Инаку, авионите „Ф-35“ од петта генерација ги произведува американски “Lockheed Martin” и развојната програма на овие авони од петта генерација чини вртоглави 406,5 милијарди долари. Која верзија во врска со овој инцидент е точна и натаму не е јасно.