Руски авион АН-26 со најмалку 28 лица исчезна од радарите на полуостровот Камчатка на крајниот исток на Русија, објавија новинските агенции на 6 јули повикувајќи се на локалните власти. Авионот – летал од Петропавловск-Камчатски кон градот Палана – изгубил контакт со контролата на летање при обид за слетување, се вели во извештаите. Регионалниот огранок на руското Министерство за вонредни состојби соопшти дека во авионот имало 22 патници и шест членови на екипажот.
Во последниве години, во Русија се случија неколку авионски несреќи за кои се смета дека биле поради се лошите одржувања на авионите и лабавите стандарди за безбедност. Последната голема воздушна несреќа во Русија се случи во мај 2019 година, кога Сухој Суперџет кој припаѓаше на авиокомпанијата Аерофлот слета и се запали на пистата на московскиот аеродром, при што загинаа 41 лице.