Руски експерт кој престојувал во Бергамо откива како короната ја ‘прелажа’ Италија и во што најмногу погреши Европа

849

Епидемиологот Александар Семјонов неодамна се вратил од Италија каде што забележал дека ‘клиничката слика на инфекцијата коронавирус кај европската популација изгледа поразлично отколку кај кинеската популација’.

Рускиот епидемиолог Александар Семјонов, заменик директор на Институтот за епидемиологија и микробиологија – Пастер, во Санкт Петербург, бил дел од тимот руски доктори во Бергамо, жариштето на коронавирусот во Италија.

Семјонов неодамна се вратил од Италија, каде што забележал дека клиничката слика на инфекцијата коронавирус кај европската популација изгледа поразлично отколку кај кинеската популација.

Тој смета дека европските доктори во една мера ги успорило да делуваат навреме и ги однело на погрешна трага, тоа што од старт епидемијата ја воделе исклучително потпирајќи се на кинеското искуство и тамошните податоци за влијанието на короната на човечкиот организам.

Тој исто така напоменал дека кај Европејците болеста се манифестира на поразличен начин.

„Тоа што овој вирус го разликува од останатите респираторни вируси е неговата способност да инфицира различни органи и органски системи во нашето тело. Не е погоден само респираторниот тракт, туку и бубрезите и џигерот, нервното ткиво, гастроинтестиналниот тракт“ – изјавил Семјонов, нагласувајќи дека вирусот исто така делува и на нервниот систем.

Исто така, според Семјонов, италијанското искуство помогнало ‘да се донесе заклучок колку се ефикасни поедини тераписки режими кои што се користат при лечењето на заразените пациенти’.

„Пред тоа, сите го земаа примерот на кинеското и корејското искуство, каде што моќта лежеше во традиционалната медицина“ – објаснил тој.

Претходно, главниот пулмолог на Министерството за здравство во Русија, член и дописник на Руската академија за науки, Сергеј Авдеев, зборуваше за ретките симптоми на Ковид-19 кои што можат да се појават кај некои од пациентите.

Според неговите зборови, осипот на кожата може да биде сигнал за зараза од коронавирус, пренесуваат руските медиуми.