Ако сакате да престанете со пушење цигари испробајте го овој рецепт. Пијалокот можете да го подготвите брзо и лесно, а не е скап.
Земете тенџере од три литри и до половина наполнете го со неисчистен овес. Потоа до врвот наполнете го со ладна вода и ставете го на шпорет. Гответе го овесот половина лас на тивок оган.
Исцедете ја топлата течност во друг сад и веднаш додадете 100 грама невен во него.
Садот затворете го добро и замотајте го во ќебе за подолго време да ја држи топлината. Нека седи така 10 до 12 часа. После тоа исцедете ја течноста и пијте по 200 милилитри, три пати на ден пред јадење.
Доколку овој пијалок неможете да го пиете поради овесот, тогаш наместо овес користете стевија која исто така е добра за одвикнување од пушење.