Руски сериски убиец кој убил 83 жени сака да оди во војна: „Тоа ми е сон“

755

Рускиот сериски убиец кој служи две доживотни казни поради брутални злосторства изјавил дека сака да биде ослободен од затвор за да се приклучи на силите на Владимир Путин кои се борат во Украина.

Михаил Попков е поранешен полицаец кој во 2015-та година е осуден за силување и убиство на десетици жени меѓу 1992 и 2010 година во Ангарск и Иркутс во Сибир и Владивосток. Во 2018 година признал дополнителни убиства, со што бројот на негови жртви пораснал на 83, пишува „Newsweek“.

И покрај казната, руските власти и дозволиле на државната телевизија интервју со Попков, кој ги носи прекарите Врколак и Манијак од Ангарск.

Попков на прашањето на каналот „Вести“ „кој е вашиот сон“, одговорил – „да влезам во војската“. Изјавил дека признава дека борбите во Украина не се компјутерска игра и дека не се фикции со суперхерои.

„Земајќи ја предвид мојата воена специјализација, мислам дека тоа сега е многу барано“, рекол тој. „Иако сум во затвор веќе 10 години, не мислам дека би било тешко да научам нови вештини“, додал Попков.

Не е прецизирал какво е неговото воено искуство. Од затворот не ги коментирале изјавите на Попков.