Рускиот патријарх се плаши дека технологијата ќе го донесе Антихристот: Тој ќе ги контролира луѓето

726

Првиот човек на Руската православна црква верува дека модерната технологија ќе го донесе Антихристот кој ќе ги контролира луѓето на Земјата.

Лидерот на Руската православна црква изјави дека зависноста на луѓето од современата технологија ќе резултира со доаѓање на Антихристот на Земјата, пренесуваат руските медиуми.

Во интервјуто за руската државна телевизија, партијархот Кирил изјави дека не се противи целосно на уредите. Но, сепак предупреди дека луѓето „паѓаат во робство“ на нивните паметни телефони.

Рускиот патријарх изјави дека собирањето на корисничките податоци, вклучувајќи ги локациите, интересите и стравовите на луѓето, ќе им овозможат на „надворешните сили“ да ги контролираат луѓето на Земјата.

„Контролата од една точка е најава за доаѓањето на Антихристот“, изјави рускиот патријарх Кирил, додавајќи дека Антихристот „ќе биде на чело на светската мрежа (World Wide Web) и ќе го контролира целото човештво“. Според Кирил, самата таква структура претставува опасност за човештвото.

Кирил потоа нагласи дека „доколку не сакаме да се доведеме поблиску до апокалипсата, тогаш не би смеело да постои еден центар на контрола и пристап“.