“Deadpool Max”, стрипот со супер херојот кој ја инспирираше филмската сага која ги освои кино салите во САД и светот, содржи поглавје за расправијата со ликот по име Земо.
Станува збор за белец расист, обожавател на радикалните антисемтиски теории на заговор, кои посакуваат Холокаустот да се повтори.
Авторот на стрипот, Дејвид Лафам во ова поглавје го вклучи и предупредувањето на читателите во кое појасни дека историските фигури и настани кои Земо ги фали и поддржува, а тоа се холокаустот, Хитлер и Кју Клукс Клан – работи поради кои треба да се жали.

“Знам дека сите вие сте разумни читатели кои разбираат сарказам и сатира”, напиша Лафам, но изгледа руските цензори не го споделуваат мислењето.
Руската издавачка куќа Комилфо на 9 јануари соопшти дека го отстранила целото поглавје од изданието “Deadpool Max” на руски јазик, кое требаше да биде објавено на 18 јануари, бидејќу руската агенција за заштита на потрошувачите заклучи дека ова поглавје промовира екстремизам.
Во објавата на руската социјална мрежа ВК, издавачката куќа Комилфо напиша дека агенцијата Rospotrebnadzor им дала два избори: стрипот да не се објавува во Русија или да ги прифатат уредничките промени кои ги предложиле експертите од агенцијата.

Дневните весници Komersant на 15 јануари известуваа дека Rospotrebnadzor го изнајми психологот Вали Енгаличи за да го процени стрипот.
Тој заклучи дека стрипот заговара фашистички и нацистички идеи и дека поради тоа не треба да биде објавен. Оваа вест беше пренесена и во руските медиуми.
Директорот на Комилф, Михаил Богданов тврди дека во објавата на социјалната мреќа ВК од 9 јануари е наведена погрешна агенција. Всушност агенцијата Rospotrebnadzor, која врши надзор на медиумите и комуникациите, забрани овој стрип да се објави.
“Тоа беше случајна грешка. Во руските закони дури и сатирата може да се третира како пропаганда. Во нашата земја постојат некои граници кои не смеете да ги преминете”, рекол Богданов.