САД даде дозвола и трудниците да се вакцинираат против Ковид-19

647

Американскиот центар за контрола и превенција на болести (ЦДД) соопшти дека трудниците исто така можат да се вакцинираат против Kовид-19.

Препораката следува по објавувањето на прелиминарните податоци од големо истражување на ЦДЦ, кои сугерираат дека вакцините на „Фајзер/Бионтек“ и на „Модерна“ се безбедии и ефективни за трудници. Во истражувањето учествувале 34.000 трудници.

Уште поважно, не се утврдени никакви безбедносни грижи за жени кои се во третото тримесечје од бременоста, ниту за нивните бебиња. Затоа препорачуваме бремени жени да се вакцинираат против Kовид-19 – изјави директорката на ЦДЦ, Рошел Валенски.

Одлуката следува по неколку месеци конфузија и сомнежи околу тоа дали бремени жени смеат да се вакцинираат против Ковид-19.

ЦДЦ и Американскиот колеџ за акушерство и гинекологија претходно има став дека трудници можат да се вакцинираат ако сакаат, за што прво треба да разговараат со својот лекар, но не дадоа јасна препорака.