САД денеска ги отвораат своите граници за целосно вакцинираните странски патници, укинувајќи ја забраната што Доналд Трамп ја воведе пред 20 месеци поради ковид-19. Таа ги погоди неамериканските граѓани од повеќе од 30 држави, меѓу кои и Велика Британија и земји од Европска Унија, разделувајќи семејства и запирајќи го туризмот. Авиокомпаниите очекуваат наплив од патници по укинувањето на рестрикциите.
Забраната за патување во САД се однесуваше на сите кои биле во Велика Британија и бројни други европски држави, како и Кина, Индија, Јужна Африка, Иран и Бразил.
САД исто така ќе ги отворат своите копнени граници во Канада и Мексико за целосно вакцинираните.