Иси Кермонди направила грешка од која многумина се плашат и на сметка на тоа станала вирална.
Мејк ап артистката направила урнебесна анимација од себе како гладно свинче, при што го сменила гласот, барајќи од момчето да ѝ донесе кинеска храна за двајца за вечера.
Проблемот бил во тоа што имала отворен час со шефицата, за која работела само два дена и случајно видеото ѝ го испратила неа.
„Неодамна добив нова менаџерка на работа, а ја знам само два дена. Сакав да му испратам на момчето анимација од мене како свинче, додека зборувам дека сакам кинеска храна. Па, ѝ ја испратив на новата шефица, а станува збор за најидиотското видео кое некогаш сум го направила“, напишала на Фејсбук младата Британка.
Откако го испратила видеото, сфатила дека пристигнало на погрешно место. За среќа, нејзината шефица ја видела смешната страна и ѝ одговорила дека се надева дека ќе добие кинеска храна за вечера.
Приказната има и среќен завршеток, со оглед на тоа дека нејзиниот партнер ѝ го донел толку посакуваниот оброк.
„Погодете кој конечно доби кинеска храна“, напишала покрај фотографијата која ја објавила еден ден подоцна.