Ќерката на пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ овие денови ги информираше своите фанови дека поради коронавирусот ќе остане дома и ќе гледа филмови, но сето тоа тргна наопаку откако сподели нешто необично со фановите.
Имено Анастасија со своите фанови сподели преписка со својата пријателка.
-Имам оса во станот. Не смеам да излезам во дневната соба. Сакам да се убијам, а гладна сум, напиша Анастасија.
Со ова таа ги насмеа фановите кои во Србија и пошироко овие денови се дома и ги почитуваат мерките против коронавирусот.