„Само измиј го пенисот“: Кога се погледнал долу било одвратно, а смрдеата неподнослива! Овој маж никогаш не го измил својот полов орган

1382

Овој келнер тврди дека досега имал сексуален однос со 40 жени, а докторката му дала совет отсега да се мие како што треба.

Зак (24) имал проблеми со својот пенис и наместо да посети доктор, одлучил својот проблем да го сподели во британската ТВ емисија „Se* Clinic“.

„Погледнав долу и ме фати паника. Сè беше собрано на врвот и изгледаше грозно, а смрдеата беше уште поужасна. Помислив дека нешто не е во ред“ – раскажал Британецот.

Потоа пенисот морал да ѝ го покаже на докторката, но и на сите гледачи на емисијата, пишуваат од „Mirror“.

Тој опишал дека поради своите проблеми некогаш не можел да го заврши својот сексуален однос и дека имал чувство дека не го прави добро тоа.

Последната партнерка му рекла дека му се “зголемил“, а наместо тоа да го загрижи тој заклучил дека пенисот му расте.

Докторката во емисијата му рекла дека пенисот не се зголемил природно туку дека веројатно станува збор за воспаление на пенисот и кожичката и дека мора да оди до специјалист.

Во текот на прегледот, специјалистот му рекол дека треба да ја превитка кожичката наназад преку пенисот. Тогаш ѝ било јасно за што станува збор:

„Таа бело-жолта работа која ти се насобрала под кожичката се нарекува смегма и воглавно се состои од мртви ќелии“ – му рекла таа.

Собирањето на таа течност која се лачи не е добро и може да доведе до воспаление и инфекција. Инаку сето тоа се решава со миење, но Зак во текот на својот живот никогаш не го направил тоа.

Сестрата го прашала дали некогаш го миел својот пенис под кожичката, а тој одговорил дека не го направил тоа.