Овен
Овните се задржуваат само во опкружувањата каде што се цени нивното мислење и знаење. Не водат површни разговори и токму затоа на многумина им делуваат недостапно. Само во друштво на луѓе со слични мислења се чувствуваат како да се на свој терен.
Терезија
Терезиите се веројатно најорганизираните луѓе што некогаш сте ги запознале. Тие постојано прават планови и никогаш не се откажуваат од своите цели. Многу храбро го искажуваат своето мислење и не сакаат да се претопуваат во масата.
Јарец
На Јарците многу им се заморни секојдневните разговори за обични теми, па многу тешко се вклопуваат во различни друштва. Најдобро се чувствуваат кога водат длабоки, по малку филозофски разговори и добиваат можност да ги искажат своите идеи.